Ѕвездите на Реал Мадрид одиграа 1-1 против Осасуна во мечот од седмото коло во Ла Лига и така запре победничката серија од шест натпревари.




Ремито на „кралевите“ предизвика бурни реакции од страна на навивачите, а тренерот Карло Анчелоти смета дека тоа е нормално по лош резултат.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Секогаш се прави драма кога Реал нема да победи. Немаме оправдување за ремито затоа што екипата беше силна. Досега имавме многу добро првенство, но се случуваат и вакви натпревари“, вели Анчелоти.




Карим Бензема во финишот од мечот имаше шанса да погоди за триумф, но сепак не успеа во својата намера и погоди пречка.