Дома Фудбал Анчелоти за пресудата на Бензема: Тоа се случи во минатото

Анчелоти за пресудата на Бензема: Тоа се случи во минатото

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти кажа дека Карим Бензема е мирен по пресудата која беше досудена против негов во средата.

Францускиот фудбалер беше прогласен за виновен за обид за уцена на поранешниот колега од репрезентацијата, Матија Валбуена, па поради тоа доби едногодишна условна казна затвор и финансиска казна од 75.000 евра.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Реал Мадрид во истиот ден го совлада Шериф Тираспол и обезбеди пласман во нокаут-фазата, а еден од головите беше постигнат од Бензема.

„Не морав ништо да зборувам со него за тоа. Бензема е мирен. Тоа е нешто што се случи во минатото. Беше фокусиран на натпреварот и на тимот. Целосно е посветен на својата работа и играше многу добро“, кажа Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(Видео) Фудбалски судија ја застрелал својата девојка во Мостар, па сакал да си „пресуди“

Босанските медиуми пишуваат дека Анис Калајџиќ, кој е фудбалски судија со големо искуство …