Дома Фудбал Останато „Анчелоти веќе прави шеги за водење на репрезентацијата на Бразил“

„Анчелоти веќе прави шеги за водење на репрезентацијата на Бразил“

Реал Мадрид со оглед дека скоро и да ја загуби трката за шампионската титула во Ла Лига, како најважни за италијанскиот стратег во периодот кој следи се реваншот во „Копа Дел Реј“ против Барселона и четвртфиналниот двомеч со Челзи во ЛШ.

Без оглед каков исход ќе има на крајот од сезоната, иднината на Анчелоти е крајно неизвесна и се погласно се зборува дека тој ќе биде новиот селектор на Бразилската репрезентација.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот Едерсон на прес-конференцијата на бразилската репрезентација изјави дека има големи шанси Анчелоти да стане селектор на „Кариоките“, а сега на оваа тема зборуваше и Родриго.

„Би било чест за мене да го имам како селектор во Бразил и се шегуваме на таа тема. Ние Бразилците му велиме дека го чекаме со раширени раце, тој ни возвраќа дека ќе го одредува тимот заедно со нас. Сега зборуваме на шега, но во секоја шега има и по нешто вистина.

Ситуацијата не е лесна за него, ако стане селектор на Бразил, мора да го остави Бразил. Не знам што ќе се случи и како ситуацијата ќе се развива, ќе видиме“, изјави Родриго.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шесткратен шампион на Франција прогласи банкрот

Шесткратниот француски шампион Бордо прогласи банкрот само неколку денови по испаѓањето во…