Дома Фудбал Анчелоти беше прашан за промашениот пенал на Модриќ, еве што одговори

Анчелоти беше прашан за промашениот пенал на Модриќ, еве што одговори

Во последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите, РЕАЛ победи со 3:2 против Унион во Берлин.

Капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ имаше шанса да стане најстариот стрелец на Реал во Лигата на шампионите, но неговиот слаб удар од белата точка го одбрани голманот Фредерик Роноу.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Минатата сезона Модриќ реализираше два од три пенали, а сега со промашен пенал ја продолжи серијата промашувања на Реал, бидејќи Хоселу и Родриго беа непрецизни од белата точка на почетокот на оваа сезона.

Минатата сезона Реал реализираше 14 од 18 пенали на крилата на Карим Бензема (9 постигнати од 10), а оваа сезона е 0/3.

„Не знам што се случува, комплицирано е да се објасни. Модриќ е ладен кога се во прашање пенали и најчесто ги постигнува.

Се надеваме дека наскоро ќе почнеме да ги постигнуваме, се обидуваме на тренинзите со Белингем, Родриго , Хоселу…“, изјави тренерот на Реал, Карло Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кој ќе го наследи Гатузо? Манчини и Конте се фаворити, а Италија сонува за луда идеја

После уште еден неуспех на италијанската фудбалска репрезентација, започна нова потрага по…