Утринскиот тренинг на Реал Мадрид доцнеше 15 минути бидејќи во тренинг центарот на најтрофејниот светски клуб, неочекувано во „посета“ пристигна анти-допинг комисијата на УЕФА.
Изненадувачката посета не траеше долго. Неколку фудбалери биле тестирани на недозволени супстанци, после што Зинедин Зидан го започнал тренингот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оваа процедура е вообичаена, но во Мадрид не се надеваа ќе бидат посетени веднаш после репрезентативната пауза и пет дена пред продолжението од Лигата на шампионите.
Реал Мадрид во најелитното натпреварување го очекуваат два натпревари во низа против Тотенхем и во овие две средби веројатно ќе биде одлучено прашањето за првото место во групата „Х“.