Дома Македонски спорт Мак ракомет Ангеловски: Се надеваме на вајлд-карта за ЛШ

Ангеловски: Се надеваме на вајлд-карта за ЛШ

Во рамките од 13 коло во групата „А“ од ракометната Лига на шампионите Еурофарм Пелистер ќе го пречека данскиот Алборг.

Тренерот Ангеловски се надева дека конечно неговите ракометари ќе им донесат радост на верните навивачи. 


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


„Обврска ни е на последниот домашен натпревар да покажеме најдобра игра против еден од можеби најдобрите екипи во нашата група. Тоа е наша желба, да ги израдуваме нашите навивачи, градот. Играме против екипа која доаѓа од еден европски, светски и олимписки шампион, со такви ѕвезди како Ландин, Хансен, и нови ѕвезди кои се во надоаѓање. Мислам дека навистина ќе треба да уживаме во овој меч, да дадеме се од себе“, изјави Ангеловски.

„Со мисла дека можеме и во иднина да бидеме дел од ова елитно натпреварување и со уште поголеми амбиции, се надевам наредна година со „вајлд-карта“. Ќе се бориме 60 минути да извлечеме што поповолен резултат“, додаде тренерот на Еурофарм Пелистер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Екс-репрезентативецот жестоко удри по Милевски: Селекторе, доста е – не мој да не лажеш!

Поранешниот македонски репрезентативец, Мирко Ивановски жестоко го нападна селекторот Благ…