Дома Топ вести Ангеловски жестоко распали по Милевски: Да изјавиш такво нешто треба да си надвор од мисловна активност или да бараш оправдување за сопствената немоќ

Ангеловски жестоко распали по Милевски: Да изјавиш такво нешто треба да си надвор од мисловна активност или да бараш оправдување за сопствената немоќ

Фејсбук реакција на поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски:

Грузија вечерва заслужено слави. Ја победи Грција и испиша историја. Пласман на ЕУРО 2024 година, откако во минатото финале на Лига на нации загуби од Македонија. Честитки🏆⚽


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Но каде сме ние после историскиот пласман на ЕУРО 2020. Наместо да се бориме секој нареден циклус на квалификации да го подобруваме нашиот учинок го уништивме она што вреди носени од мотивите за личен профит и луѓе без капацитет на водечките позиции во ФФМ и на позицијата селектор на А репрезентација кои со својата нестручност успеаа да ја растурат најдобрата генерација во историјата на Македонија која бележела резултати и за тоа треба да им се “честита”. Но тоа не е се прокоцкаа шанса за пласман на Светско првенство каде 50% од работата им беше завршена. Сега слушаме изјави од селекторот кои ме загрижуваат бидејќи да изјавиш такво нешто треба да си надвор од мисловна активност или да бараш оправдување за сопствената немоќ.

Резултатот е нешто што не можеш да го смениш. Неинтелегентниот човек невозможно е да го поразиш со аргументи, напиша Ангеловски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…