Дома Македонски спорт Ангеловски: Елмас заслужува да игра повеќе, јас го користев позади напаѓачите

Ангеловски: Елмас заслужува да игра повеќе, јас го користев позади напаѓачите

Селекторот на Македонија Игор Ангеловски за медиумите во Неапол зборуваше за минутажата која ја има Елиф Елмас во Наполи.

Елмас во Наполи во последно време не добива минутажа како што посакува Ангеловски. Ангеловски јасно порача дека за нас секако е подобро Елмас да игра затоа што токму од него се очекува да биде еден од нашите главни играчи на Европското првенство.

„Јас го користев Елмас позади напаѓачите во квалификациските натпревари. Може да игра на таа позиција затоа што има квалитет и техника и знае добро да се снајде. Кога почнав да го играм на таа позиција прикажуваше добри настапи“.

„Сигурно дека Елиф заслужува да игра повеќе, во Наполи конкуренцијата е навистина голема. За мене е подобро да игра колку што е можно повеќе“, изјави Ангеловски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Тихомир Костадинов асистент во важната победа на Ружомберок 🎥

Репрезентативецот на Македонија Тихомир Костадионов денес беше асистент во победата на Руж…