Шпанскиот возач Фернандо Алонсо денеска се опрости од Формула 1.
Овој легендарен возач денеска ја извози последната трка и тоа во Абу Даби, а после неа рече дека не знае што носи иднината и дека не е сигурен дали ќе посака повторно да седне во болидот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Се што доживеав во Формула 1 се едни убави спомени. Беше ова фантастично патување на кое тргнав како многу мал. Доаѓам од земја која немаше многу успех во Формула 1, а мојот татко не беше возач, така да сум горд на тоа што го направив. Можеби еден ден ќе се вратам како турист или коментатор.“изјави Алонсо, а новинарите инсистираа да одговори дали сака некогаш повторно да се врати во болидот.
„Не знам. Сега ми е потребен одмор. Морам да се соочам со некои нови предизвици. Можеби ќе посакам повторно да се вратам, кожеби во Инфи Кар или Формула. Можеби нема да сакам да се вратам воопшто.“
Да потсетиме, шпанскиот возач во текот на кариерата ја освои два пати титулата светски првак.