Дома Останати Тенис Алкараз се пласираше во осминафиналето на ОИ во Париз

Алкараз се пласираше во осминафиналето на ОИ во Париз

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во осминафиналето на Олимписките игри во Париз. Алкараз го совлада холандскиот Талон Грикспор со 2:0, во сетови 6:1. 7:6

Првиот сет беше рутински за актуелниот шампион на Ролан Гарос и Вимблдон, но после тоа се појавија проблеми.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Грикспор, кој моментално е 28 во светот, одигра многу подобро во понатамошниот дел од мечот, а Алкараз наиде на проблем бидејќи се повреди на средината од вториот сет и дури во еден момент мораше да го напушти теренот.

Сепак брзо се врати и ја спаси сет топката на 4:5. Во тај-брејкот сè беше отворено, а први нападна Холанѓанецот.

Поведе со 2:1 со мини-брејк предност, но потоа ги загуби сите четири сервиси во низа, а Алкараз брзо го заврши мечот во своја корист.

Во следната фаза Алкараз ќе игра со Роман Ришатович Сафиулин (АИН, индивидуални неутрални спортисти) кој со 6:0 и 7:6 беше подобар од Аргентинецот Томас Мартин Ечевери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Бекер: Ѓоковиќ нема да се откаже од 25. гренслем-титула, но времето го гази

Легендарниот германски тенисер Борис Бекер зборуваше за шансите на Новак Ѓоковиќ за освоју…