Дома Фудбал Англија Алиоски: Среќен сум за голот, нема одмор не чека Манчестер Јунајтед

Алиоски: Среќен сум за голот, нема одмор не чека Манчестер Јунајтед

Maкедонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски вчера во победата од 5:2 на Лидс против Њукасл го постигна првиот гол во Премиер лигата.

Треба да се спомене дека ова беше прв гол во Премиер лигата на еден Македонец после пауза од 22 години кога Ѓорѓи Христов постигна гол за Барсли во 1998. По натпреварот Џани секако беше пресреќен.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Среќен сум за секој гол, убаво е кога ќе дадете пет гола и тоа од пет различни играчи. Ме радува брзата транзиција кога го дадов голот. Транзицијата од одбрана во напад ни беше навистина одлична, заслуживме ваква победа“.

Лидс не се откажува од атрактивниот стил на игра.

„Не се откажуваме и веруваме во стилот кој го играме. Успесите ќе дојдат, наше е да работиме и да бидеме среќни. На секој меч го даваме максимумот, но не може секогаш резултатот да биде во ваша полза. Како што кажав ние работиме и веруваме, успехот ќе дојде. Немаме многу време за одмор не чека натпреварот со Манчестер Јунајтед“, изјави Алиоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Донарума од Париз сака само во еден од овие два клуба!

Џанлуиџи Донарума би можел да го напушти ПСЖ летово!  Италијанецот влегува во последната г…