Дома Фудбал Италија Алегри: Роналдо ми потврди дека останува во Јувентус

Алегри: Роналдо ми потврди дека останува во Јувентус

Тренерот на Јувентус, Макс Алегри откри дека имал разговор со Кристиано Роналдо и Португалецот потврдил дека останува во Торино.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во текот на целото лето се шпекулираше со иднината на Роналдо, а  некои медиуми тврдеа дека токму Алегри е причината поради која Португалецот сака да си замине.

Меѓутоа, денес Алегри стави точка на сите шпекулации и потврди дека Роналдо останува во Јувентус.

„Роналдо е исклучително важен играч за Јувентус. За нас тој е бонус, гаранција за многу голови. Никогаш не побарал да си замине, а мене и ми потврди дека останува, иако медиумите постојано летово го селат по разни клубови“, изјави Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Повредата на Угарте може да ги промени трансферните планови на Манчестер Јунајтед

Во Манчестер Јунајтед со загриженост очекуваат вести за повредата на Мануел Угарте, откако…