Дома Фудбал Италија Алегри проговори како Јувентус го „предаде“, а имал понуда од Реал Мадрид

Алегри проговори како Јувентус го „предаде“, а имал понуда од Реал Мадрид

Масимилијано Алегри после една година пауза изјави дека ги наполнил батериите и дека е спремен ова лето да се врати на тренерската работа.

Минатото лето Јувентус реши да направи промена и се раздели со Алегри иако стратегот имаше уште една година договор со „старата дама“.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Алегри сега за прв пат проговори за тоа како Јувентус го „изневерил“, иако имал понуда од Реал Мадрид.

„Некако се одморив и ги наполнив батериите овој период. Имав доста време да поминам со семејството во Ливорно и навистина се одморив. Сега барам клуб чиј што проект за мене ќе биде најдобар. Но не брзам со враќањето на тренерските задачи. Имав неколку понуди, но не сакав да го прекинувам својот семеен одмор“, истакна Алегри.

Алегри пред две години имал понуда од Реал Мадрид, но ја одбил поради Јувентус.

„Имав понуда од Реал Мадрид пред две години, но ја одбив затоа што имав договор со Јувентус. Не сакав да заминам на таков начин бидејќи бев поврзан со клубот. Сепак, следната сезона ми дадоа отказ“, кажа Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Уникатен светски рекорд на Родри – една година без пораз!

Шпанскиот стратег, Пеп Гвардиола го истакна Родри како најдобар фудбалер на Манчестер Сити…