Дома Фудбал Италија Алегри: Ова е виртуелен Јувентус, ни недостигнаат пет стартери

Алегри: Ова е виртуелен Јувентус, ни недостигнаат пет стартери

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри се најде на удар на критики поради лошите резултати од почетокот на сезоната.

Алегри во интервју за „Кориере дела Сера“ даде детална анализа на случувањата во тимот и истакна дека ова е „виртуелен“ Јувентус бидејќи му недостигаат пет стартери поради повреди.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


„Навистина многу ми е жал што се наоѓаме во ваква ситуација толку рано, и јас си поставувам прашања и ги анализирам моите грешки. Но, Јувентус требаше да изгледа многу поинаку на стартот. Овој Јувентус што го зборувам за жал во моментов е виртуелен. Ни недостигаат пет стартери поради повреда“, изјави Алегри.

„Половина тим ни е повреден, замислете Интер и Милан да играат без пет стартери во тимот. Во моментов не знам кој тим ќе го имам на располагање за Монца, но знам дека мораме да победиме. Интер е најсилениот тим во лигата, но Милан го има Рафа Леао. Не постои друг играч во светот како него, кој со леснотија ги исфрла противниците од игра“, додаде Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Италија со пресврт ја победи Албанија

Репрезентацијата на Италија потешко од очекувањата ја победи Албанија со 2:1 на стартот на…