Дома Фудбал Италија Алегри искрен: Целта не е Скудето, туку пласман во Топ 4

Алегри искрен: Целта не е Скудето, туку пласман во Топ 4

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри се откажа од борбара за титулата и изјави дека целта на тимот оваа сезона е пласман во Топ 4.

Јувентус синоќа загуби од Аталанта на домашен терен и додатно се оддалечи од врвот, а прилично засотанува и од четвртото место на табелата.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Не ги користиме шансите кои ги создаваме. Аталанта имаше еден удар, ја искористи нашата грешка, и победи. Имаме многу добар состав, но некогаш тешко даваме голови. Постои анксиозност, играчите избрзуваат“.

„Никогаш не сум сметал дека сме фаворити за титулата. Целта е да се избориме за Топ 4. Ако бидеме реални, и притисокот ќе се намали. Штом сме на оваа позиција после 14 кола, значи ова ни е нивото во моментов“, изјави Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мбапе: Нема да играм за луѓе кои ме нарекуваат мајмун. Се мислев да ја напуштам репрезентацијата на Франција

КИЛИЈАН МБАПЕ (27) е капитен на репрезентацијата на Франција, а му недостига уште само еде…