Дома Фудбал Италија Алегри: Имаме психолошки проблем

Алегри: Имаме психолошки проблем

Јувентус синоќа доживеа уште еден шокантен пораз на домашен терен, овој пат од Сасуоло (1:2).

„Старата дама“ игра лошо од почетокот на сезоната и моментално заостанува цели 13 бода зад лидерот Милан.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тренерот Макс Алегри беше лут после мечот и истакна дека неговиот тим има психолошки проблем.

„Мораме да бидеме подобро организирани, ваквите натпревари те тераат да го загубиш и тоа што неможеш да го добиеш. Без разлика на се, мислам дека проблемот кај нас е психолошки“.

Проблемот е во менталитетот, а не во физичката подготвеност. Не ги искористивме нашите шанси и сами си го искомплициравме натпреварот. Против Интер бевме посмирени, вечерва избрзувавме. Јувентус не смее да прима вакви голови, ова не смее да ни се повтори“, изјави Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Во Манчестер сити не сакаат да го чекаат Гвардиола, ќе мора побрзо да одлучи!

Управниот одбор на Манчестер Сити формално побара од менаџерот на тимот, Пеп Гвардиола, да…