Хулијан Алварез јавно призна дека не е задоволен од својот статус во Манчестер Сити.
Се погласни се шпекулацииет дека Аргентинецот ќе си замине од „Етихад“ ова лето. Алварез одигра преку 50 мечеви за „граѓаните“ минатата сезона, но не е задоволен од статусот во тимот..
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Минатата сезона јас бев еден од играчите со најмногу минути во Сити. Сепак, на крајот никој не сака да биде изоставен од најважните натпревари, сакаш да придонесуваш. Ќе го искористам времето да размислам што сакам за себе и својата иднина. Ќе видиме што ќе биде“, изјави Алварез.
Алварез има договор со „граѓаните“ до 2028 година, а неколку европски гиганти покажуваат интерес за неговиот потпис.