Дома Фудбал Алаба: Сакав нов чекор, а Реал Мадрид беше единствена опција

Алаба: Сакав нов чекор, а Реал Мадрид беше единствена опција

Давид Алаба денеска беше промовиран во Реал Мадрид, со кој потпиша петгодишен договор вреден 12 милиони евра по сезона, а на претставувањето кажа дека е задоволен што стигнал во тимот.

Алаба соопшти зошто си заминал од Баерн по 13 години минати во клубот, а смета дека Реал Мадрид е добар за негов напредок.

„Решив да направам нов чекор во кариерата. Имав многу понуди, но за мене постоеше само една опција, а тоа е Реал Мадрид. Сакав дополнително да се изградам како човек и како личност. Го исполнив сонот и ова е предизвикот кој го барав. Дојдов тука за да бидам Давид Алаба и да ги покажам своите способности“, вели Алаба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Покетино го продолжи договорот со ПСЖ

Aргентинскиот стратег Маурисио Покетино во ПСЖ пристигна во јануари на местото на Томас Ту…