Дома Фудбал Италија Акциска понуда: Наполи продава четири играчи за 200 милиони евра

Акциска понуда: Наполи продава четири играчи за 200 милиони евра

Како што пренесуваат медиумите во Италија, Наполи летоска ќе направи вистинска револуција.

Наводно, ќе бидат продадени четири, можеби моментално најдобрите играчи во екипата, а тоа се Кулибали, Алан, Милик и Гулам.

Италијанците пренесуваат дека Гатусо е подготвен за реконструкција на екипата, па се очекува со продажбата на овие играчи да заработи околу 200 милиони евра.

За Кулибали се заинтересирани Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Ливерпул. Со неговата продажба Наполи треба најмногу да заработи, односно околу 90 милиони евра.

Останатите три играчи би требало да чинат околу 110 милиони евра, што е сосема доволно за реконструкција на екипата.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Јунајтед со играч од кој едвај чека да се ослободи сака да ја намали цената на Санчо

Манчестер Јунајтед се надева дека ќе ја намали цената на Џејдон Санчо кој се очекува ова л…