Дома Фудбал Англија Ако не сакаш нов договор одиш на клупата – така тоа го прави Мурињо!

Ако не сакаш нов договор одиш на клупата – така тоа го прави Мурињо!

Французинот одбива да го продолжи договорот, а тоа не му се допаѓа на Жозе Мурињо.

Стратегот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо сака Ентони Марсијал да остане во клубот и да го продолжи договорот, но офанзивецот одбива да потпише договор на пет години и сака да го промени тимот, а интерес за неговите услуги покажаа Тотенхем и Јувентус.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


За да го убеди Марсијал уште еднаш да размисли Мурињо одлучи да го испрати на „ладење“.

Имено, како што пренесуваат англиските медиуми за денешниот натпревар кој Јунајтед ќе го игра против ВБА, Марсијал нема да биде во почетниот тим.

Французинот одбива да зборува со Мурињо кој сака да создаде добар и квалитетен тим кој наредната сезона ќе му застане на патот на Манчестер Сити.

Португалецот има намера и да доведе неколку засилувања, но и да ги задржи фудбалерите за кои смета дека ќе му бидат од корист, помеѓу нив е незадоволниот Марсијал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…