Дома Фудбал Англија Ако на Сити му се одземаат титули најмногу ќе се радува Јунајтед, но ќе слави и Џерард!

Ако на Сити му се одземаат титули најмногу ќе се радува Јунајтед, но ќе слави и Џерард!

Манчестер Сити повторно е на насловните страни поради најавената истрага и можната казна од Премиер лигата.

Отворена е истрага поради залоупотреба и кршење на правилата повеќе од 100 пати од 2009 до 2018 година. Во прашање се лажирање на приходи, малверзации во плаќањето на фудбалерите, прекршување на УЕФА фер-плејот, но и одбивање да се соработува со истражителите на Премиер лигата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ако бидат прогласени за виновни казната би можела да биде одземање на бодови, исфрлање од Премиер лига што е малку веројатно, парична казна која ќе ја има сигурно, но и одземање на титули.

Во периодот кој се истражува Манчестер Сити освои три титули. Ако се одземаат бодови во сите сезони многу лесно може овие титули да припаднат на ривалите на „граѓаните“. Така титулата во 2012 година кога Агуеро постигна гол во последните секунди би била запишана на Манчестер Јунајтед и Сер Алекс Фергусон ќе додаде уште една круна во својата голема кариера.

Титулата од 2014 година би ја освоил Ливерпул, а Стивен Џерард, Брендан Роџерс, па и Луис Суарез би можеле да кажат дека имаат трофеј од Премиер лигата во својата колекција.

И на крајот 2018-та, годината во која Пеп стигна до првата титула со Сити. Тогаш „граѓаните“ беа убедливи и во голем стил станаа шампиони. Сепак ако се одземат 20 бодови тоа би било точно доволно за титулата повторно да оди кај Манчестер Јунајтед кој заврши како второпласиран со 19 бодови помалку. Во таа сезона Манчестер Јунајтед беше предводен од Жозе Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ед Ширан во транс: Каква прослава на познатиот пејач откако Ипсвич даде гол против Јунајтед

Фудбалерите на Ипсвич со голoт против Манчестер Јунајтед успеаја да ги кренат на нозе сите…