Дома Топ вести „Азар требаше да биде локомотива, а тој е како теретен вагон“

„Азар требаше да биде локомотива, а тој е како теретен вагон“

Реал Мадрид не ја започна најдобро сезоната, а последниот „шамар“ го доживеа на гостувањето кај ПСЖ каде беше надигран и поразен со 3:0.

Од тогаш се пожестоки се нападите и критиките кон Зинедин Зидан, но и кон Еден Азар, кој ова лето пристигна како најголемото засилување на „Сантиаго Бернабеу“.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Поранешниот француски фудбалер и тренер, Роланд Курби ја анализираше ситуацијата во Реал и го искритикува Азар.

Зидан се врати во Реал да го обнови тимот после заминувањето на Роналдо, но до сега направи лоши избори. Голем проблем е што не е потполнета празнината која ја остави Роналдо. На Азар се гледаше како на нова локомотива која ќе го влече клубот, но се покажа како дебел теретен или преполн воз“, изјави Курби.

„Азар дојде во клубот со шест или седум килограми повеќе. Тоа не е професионално. Тој е мрзливко кој никогаш не требаше да потпише за Реал Мадрид“,додаде Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Промена во Реал: Еден состанок го измести текот на сезоната во само 15 дена

На почетокот од март, поточно на 2 март, се чинеше дека Реал Мадрид е во сериозна криза. П…