Дома Фудбал Азар: Критики? Не ги забележувам затоа што не знам шпански

Азар: Критики? Не ги забележувам затоа што не знам шпански

Еден Азар нема почеток во Реал Мадрид каков што очекуваа од него навивачите и клубот.

Белгискиот фудбалер поради послабата форма добива критики од јавноста, а најголем дел од фановите сметаат дека Азар има вишок на килограми.

Меѓутоа тие критики изгледа премногу не допираат до него, барем ако судиме според неговата последна изјава.

„Немам проблеми во Мадрид. Луѓето цело време зборуваат за Реал Мадрид, па дојдов тука. Кога во прашање се критиките, не разбирам баш добро шпански па не ги забележувам“, порача Азар.

Оваа сезона Азар одигра четири натпревари за Реал Мадрид и запиша еден гол и асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Џајсле се извини на навивачите на Њукасл по поразот од Ковентри

Њукасл доживеа втор пораз со 4-1 на гостувањето кај Ковентри, но тренерот Џајсле смета дек…