Францускиот фудбалер Адриан Рабио вчера официјално стана нов фудбалер на Јувентус.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Рабио вчера стана слободен играч откако му истече договорот со ПСЖ, но само неколку часа покасно беше претставен како ново засилување на Јувентус.
Овој 24-годишен играч со Старата дама потпиша четиригодишен договор, а по сезона ќе заработува околу седум милиони евра.
Рабио денеска беше официјално претставен на стадионот на Јувентус и се сликаше со дресот на овој клуб. Одлучи да го избере бројот 25, број кој го нозеше и додека играше во ПСЖ.
На промоцијата своја изјава даде и Рабио, кој откри дека со Јувентус се воделе преговори уште поодамна.
„Имаше преговори со Јувентус и претходни, но тоа беше друг период од мојот живот. Денеска едноставно се’ се поклопи и еве сум. Се’ се случи брзо, течеше без проблеми. Јувентус е голем клуб, иако имаше некои проблеми претходните сезони бидејќи не можеше да дојде до титулата во ЛШ. Но како што гледам, Јуве сепак е скалило погоре во однос на ПСЖ.“
?2️⃣5️⃣? pic.twitter.com/BGeYS1gEk9
— JuventusFC (@juventusfc) July 2, 2019