Дома Фудбал Англија Агуеро се офарбал поради кладба!?

Агуеро се офарбал поради кладба!?

Легендата на Манчестер Сити, Кун Агуеро неодамна истрча на теренот со потполно нов имиџ, но прилично добро му стои.

Агуеро ја офарба косата бела, а неговиот потег ги изненади љубителите на фудбалот. Аргентинецот денеска откри зошто пред неколку недели го променил имиџот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Ја променив бојата на косата поради кладба со мојот брат. Тој ме предизвика, ми рече дека немам храброст да го направам тоа пред дербито со Јунајтед. Па така докажав дека имам. На мојот син му се допаѓа, така да среќен сум.“ – изјави напаѓачот на Граѓаните.

Агуеро можеби го промени имиџот, но она што за навивачите е најбитно е голгетерската форма, која е и натаму тука. Постигна фантастичен погодок против Јунајтед, а секој нареден гол е за историја. Тој е првиот стрелец на Сити, а неодамна влезе и во Топ 10 стрелци во ПЛ. Агуеро за Сити постигна 210 голови во сите натпреварувања, а 151 во лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Меси и неговото семејство синоќа дознаа страшни вести!

Лео Меси имаше навистина добра сезона зад себе, а неговиот фокус, секако кога е во прашање…