Дома Актуелно Агуеро има одлични опции за избор на нов клуб

Агуеро има одлични опции за избор на нов клуб

Серхио Агуеро после десет години го напушта Манчестер Сити.

Граѓаните потврдија дека Аргентинецот ќе замине од клубот по истекот на договорот, а веќе наголемо се лицитира со имиња за можен следен клуб.

За сега два клуба се издвојуваат пред сите. Тоа се Барселона и ПСЖ, а токму за оваа тема зборуваше и познатиот Џанлука Ди Марцио.

Италијанскиот новинар тврди дека постои интерес од двата клуба, но Барселона ќе преверира некој млад и поевтин пред Агуеро.

„Агуеро е во контакт со Барселона. Се разгледува неговото донесување, а и играчот би сакал да заигра на Камп Ноу. Меѓутоа, постојат два проблеми. За раководството на Барселона тој не е прв избор, бидејќи сакаат млад напаѓач, но и фактот што платата му е премногу висока.“ – рече Ди Марцио и додаде:

„ПСЖ е многу, многу повеќе заинтересиран за Агуеро.“

Агуеро за Сити одигра 384 натпревари и постигна 257 погодоци и учествуваше во најголемите достигнувања на клубот во историјата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Алиоски со емотивна порака се збогува од Лидс🎥

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски денес преку видео порака се збогува со навивачи…