Дома Фудбал Останато Агуеро за првпат се појави во јавноста после вестите за срцевата аритмија

Агуеро за првпат се појави во јавноста после вестите за срцевата аритмија

Aргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро за првпат се појави во јавноста после срцевите компликации кои ги доживеа на почетокот на ноември.

Агуеро во ремито против Алавес мораше да биде заменет поради отежнато дишење. Веднаш беше пренесен во болница каде што му беа направени детални испитувања. Откриено беше дека Аргентинецот има срцева аритмија. Последните неофицијални најави беа дека става крај на кариерата, сепак тоа самиот Агуеро се уште не го потврдил.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сега напаѓачот на Барселона се обрати на јавноста.

„Нема многу да зборувам за тоа. Знаете дека добро ми оди и сакам да се заблагодарам на сите за поддршката која ја добив преку друштвените мрежи во сите формати. Ми пишуваа многу луѓе и затоа сега сакам да им се заблагодарам. Нема многу да зборувам на оваа тема, само ќе уживам во натпреварите на мојот „еСпорт“ тим. Благодарам на поддршката“, соопшти Агуеро.

Очекувањата се Агуеро одлуката да ја соопшти на заедничка конференција со новинарите и клубот, меѓутоа засега нема датум за одржување на истата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…