Дома Фудбал Останато Агуеро за животот од неговата населба: Еден другар почина, друг е во затвор, трет во бегство

Агуеро за животот од неговата населба: Еден другар почина, друг е во затвор, трет во бегство

Кун Агуеро како голем дел од фудбалерите од јужноамериканскиот континент доаѓа од средина од каде што тешко се успеава.

Во интервју за шпанските медиуми Агуеро зборуваше за неговиот живот во Лос Ескалитос, населба во близина на Буенос Аирес.

„Последен пат во тоа место бев кога имав 16 години. Кога во една прилика прашав за децата со кои се дружев еден беше поичинат, друг завршил во затвор, а трет беше во бегство го бараше полиција…Во контакт сум се уште со дел од пријатели и разговараме од време на време на тие теми“.

„Животот во таквите места е многу поразличен, тоа е како да сте на друг свет. Тешко е да успеете во таква средина, има многу сомнителни ликови кои можат да ви наштетат. Но, секако дека има и луѓе кои вредно работат и го сакаат најдоброто за себе и семејството“.

„Немаат сите среќа од таквите места да успеат, колку и да сте талентирани дали за фудбал или нешто друго потребна ви е и среќата. Јас ја имав таа среќа татко ми да се познава со човек што работеше во Индепендиете. Секој ден по цело време му зборував да ме однесе на проба. Ако не беше тој човек можеби никогаш немаше да добијам шанса да станам професионален фудбалер“, раскажа Агуеро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Меси херој на ПСЖ, Интер го најде лекот за Шериф 🎥

Вечерва се играа натпревари од третото коло во Лигата на шампионите. Интер го најде лекот …