Дома Топ вести Агентот: Јувентус го сака, а Анчелоти е луд по Верати

Агентот: Јувентус го сака, а Анчелоти е луд по Верати

Агентот на Марко Верати го потврди интересот на Јувентус и Баерн Минхен за италијанскиот плејмејкер кој игра во ПСЖ.

Агентот на Верати, Донати ди Кампли вели дека Италијанецот е на мета на многу европски клубови, но проблем е што ПСЖ не сака да го продаде.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Сите го сакаат Марко, но никој не размислува за тоа колку е тешко да се доведе од ПСЖ. Повеќе пати нагласив дека тој го продолжи договорот и дека тоа треба да се почитува. Проблемот е во тоа што Марко сака да победува, и ако тоа му биде овозможено во Париз, нема да си замине, така што ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Јувентус ме контактираше и се распрашуваше за Верати“, изјави Ди Кампли.

Карло Анчелоти е буквално луд за Марко, меѓутоа нема никаква понуда ни контакти со Баерн Минхен“, додаде агентот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…