Гласините за она што се случувало во позадина со Емилијано Сала и понатаму се актуелни.
Емилијано Сала трагично го загуби животот во авионската несреќа на 21-јануари на летот од Нант кон Кардиф. После двонеделната истрага неговото тело беше пронајдено во остатоците од авионот на дното во англискиот канал. После обдукцијата беше утврдено дека Сала починал од повреди на главата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За да се реализира трансферот помагале Вили Мекеј и неговиот син Марк. Трансферот беше најскап во историјата на Кардиф, 17 милиони евра. Мекеј и понатаму продолжува да го обвинува Кардиф за она што се случило.
„Емилијано Сала беше приморан сам да си го организира летот. Беше препуштен сам на себе во пронаоѓањето на хотел во Нант и лет. Мислам дека Кардиф чуствува непријатност, како и одредена доза на вина. Срамота“, порача Вили Мекеј за „Би-Би-Си“.
Вили Мекеј во таа ситуација се понудил да му организира на Сала лет за Кардиф.
„Луѓето почнувајќи од мене ќе бараат жртвено јагне. На крајот веројатно ќе се заклучи дека несреќата се случила поради човечка грешка“, смета Мекеј.
Потоа тој зборуваше конфликтот кој настана помеѓу Нант и Кардиф околу наплатата на ратите.
„Баш ми е гајле. Воопшто не ме интересира бидејќи поминуваме низ пекол“.
Ќе потсетиме претходно претседателот на Кардиф за медиумите тврдеше дека на Сала му било понудено клубот да му органзиира комерцијален лет, но дека Аргентинецот одбил.