Дома Трансфер зона Агентот на еден од најбараните напаѓачи потврди каде сигурно нема да продолжи

Агентот на еден од најбараните напаѓачи потврди каде сигурно нема да продолжи

Напаѓачот на РБ Лајпциг, Бенјамин Шешко е еден од најбараните летово, а неговиот агент откри дека дефинитивно нема да оди во Саудиска Арабија.

Шешко зад себе има одлична сезона во која постигна 18 гола во сите натпреварувања. Неговата клаузула беше поврзана со потенцијален учинок, па sкокна од 50 на 65 милиони евра.


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Словенечкиот напаѓач е баран од бројни клубови, меѓу кои и од Саудиска Арабија, но неговиот агент Елвис Башановиќ потврди дека тој сигурно останува во Европа.

„Имаме две понуди од Саудиска Арабија, но нема ни најмали шанси да ја напушти Европа. Клубовите од Премиер лигата и Серија А го сакаат Шешеко, но и РБ Лајпциг се обидува да направи се за да го задржи со подобра понуда“, изјави Бешановиќ.

Шешко претходно во медиумите од европските клубови најмногу се поврзуваше со Милан и Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Рома и Јувентус блиску до договор за Киеза

Раководството на Јувентус одлучи да го стави на продажба Федерико Киеза ова лето. Киеза ис…