Дома Топ вести Агентот на Дембеле: Барселона врши притисок, ќе ја тужиме!

Агентот на Дембеле: Барселона врши притисок, ќе ја тужиме!

Агентот на Осман Дембеле, Муса Сисоко повторно го изрази незадоволството од односот на Барселона кон неговиот клиент.

Двете страни не можат да се договорот за продолжување на соработката, а агентот ја обвинува Барселона дека му врши притисок на играчот и најави тужба.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


„Можам да потврдам дека управата на Барселона на овој начин го губи Дембеле. Знаеме кои се нашите барања, но од самиот почеток бевме отворени за преговори, да не ги затвориме вратите на Барселона. Сепак, тие одбиваат да преговараат, а ни се закануваат дека Дембеле ќе го помине остатокот од сезоната на трибините доколку не го продолжи договорот. Во тој случај ќе ја тужиме Барселона. Ќе се борам за мојот клиент до крај“, изјави Сисоко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид следи две ѕвезди на Челси – ќе испраќа понуди над 100 милиони евра до Лондон

Реал Мадрид продолжува да го следи напредокот на играчите на Челси, Енцо Фернандез и Мојсе…