Карло Анчелоти доби отказ од кормилото на Наполи, но очигледно нема долго време да остане без работа. Имено, неговиот менаџер утрово пристигнал во Лондон на преговори со клуб од Премиер лигата.
Анчелоти остана во Наполи само година ипол, а по отказот веќе започнаа шпекулациите за неговата следна дестинација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Така, англиските медиуми пишуваат дека Арсенал и Евертон сакаат да го видат италијанскиот стручњак на својата клупа.
Според весникот „Сан“многу поконкретен интерес покажува Евертон, па менаџерот денес ќе има средба со раководството на „карамелите“.
Евертон игра лошо оваа сезона што резултираше со отказ на тренерот Марко Силва, па клубот сега е во потрага по нов тренер.
Евертон е спремен да му понуди на Италијанецот 2,5 годишен договор и значителен буџет за засилувања.