Дома Останати Авто Мото Авто-мото светот остана без еден голем спортист – Хајден им подлегна на повредите

Авто-мото светот остана без еден голем спортист – Хајден им подлегна на повредите

Ники Хајден (35) , поранешниот шампион во Мото ГП им подлегнал на повредите. Американецот од минатата среда беше хоспитализран со тешки повреди на мозокот, во болницата во Чезена, откако додека возел велосипед во него удри автомобил.

„Детето од Кентаки“ е последниот Американец кој станал светски првак во „кралската класа“, во Мото ГП. Хејден во 2006 година ја освои титулата и ја прекина низата од пет титули на Валентино Роси.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Хајден беше дел од Мото ГП семејството од 2003 до 2016 година, за Хонда и Дукати стартуваше на 218 трки, забележал три победи, а 28 пати изборил место на подиумот.

Минатата сезона започна да вози во Супербајк серијата, а сезоната 2016 ја заврши на петтото место. Сезонава се наоѓаше на 13 место во вкупниот пласман, а возеше за Ред Бул Хонда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…