Дома Фудбал Останато Авторите на химната за пласманот на ЕП се огласија со објаснување

Авторите на химната за пласманот на ЕП се огласија со објаснување

Вчера во македонската фудбалска јавност предизвикаа изјавите на Илија Несторовски и Горан Пандев кои тврдат дека од ФФМ побарале „Мрме“ да го нема во навивачката песна за ЕП.

По реакциите се огласија и авторите на песната.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


“Најпрвин,јас , Петар Младеновски (коавтор и еден од музичарите вклучени во проектот „Одиме на Европско) би сакал да го запрашам новинарот Петар Клинчарски од редакцајата на истата: Зошто не е пренесено макар и дел од она што телефонски им го изјавив денеска и поблизу се објасни целава “драма“ која непотребно се става на “сцена“, кога сме при крај со еден убав момент и проект кој треба да го одбележи историскиот успех на нашите херои- фудбалерите и селекторот?Во самата вест има бројни невистини и недоречености кои се пренесени како дел од изјави на нашите најдобри фудбалери но и шпекулации и озборувања на “дневна база“.Должни сме да објасниме за каков проект се работи а најмалку како музичари да ги коментираме односите во или вон ФФМ. Нешто што навистина е надвор од нашето поле на работа.Во рамките на проектот „Одиме на Европско“ – спортска химна за ЕУРО 2021 на Македонската Репрезентација, понудени се 3 верзии од истата, во некои се споменуваат дел од фудбалерите, во една селекторот и дел од фудбалерите, во дел- не се споменуваат имиња. Наша сугестија беше да оди верзијата во кои се споменуваат дел од најважните фудбалери и селекторот. Сметавме дека таквата варијанта на темата е најдобрата и дека таа треба да оди во етер. Разни гласини стигнуваа до нас за тоа како и што било или би било сугерирано и која варијанта би можела да биде дефинитивна.Со претседателот на ФФМ , г-ин Сејдини ниту сме се сретнале ниту разговарале на оваа тема некогаш. Односите меѓу лица вработени во ФФМ ниту смееме, ниту сакаме, ниту сме должни да ги коментираме.При снимањето на сцените со дел од фудбалерите, апсолутно не постојат сцени во кои е намерно изоставен селекторот и истиот е вклучен во групните, онаму каде што и е предвидено да биде вклучен според сценариото на продукцијата и барањата на режисерот. Од господата од ФФМ за конечна варијанта е одбрана темата која и самите сакавме да оди како официјална варијанта а таа е онаа која е денеска и објавена во вид на краток “тизер“ од 30-ина секунди. Истата е студиски снимана во студиото Studio 1060 и миксана и мастерирана во студиото на Валентино Скендеровски пред само 2 дена. Ниту некој можел до денес ниту смеел да ја слушне финалната верзија , ниту би знаел како таа треба да звучи. Да поентираме на самиот крај со вистините околу оваа “драма“ ФФМ ја прифати без збор оригиналната песна и текст, односно, прифати се што ние како музичари предложивме. И деновиве се реализираат сите предвидени активности и се оди по зацртаниот план (наскоро следува промоција и специјално шоу за промоција на спотот и самата песна!)И најважното и она што е карактеристично како класичен македонски синдром кој не би требало никогаш повеќе да се повтори, никаде, а тоа е дека од убава работа и проект и приказна одредена редакција или портал, сака да поентира со ситни поени со сензационализам. Да живеат ФФМ, Македонската Фудбалска Репрезентација и сите вклучени во оваа успешна приказна (а не можеме баш нешто да се сетиме и на други во моментов тука) и со смирени страсти и со големи успеси сплотено и сложно, сите заедно да ги дочекаме новите успеси на нашите фудбалски херои! Да живее Македонија! Одиме на Европско првенство, таму ни е место!!!“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вокер жртва на напади, Сити застана во негова одбрана

Кајл Вокер беше цел на напад на навивачите на Сити. Англискиот репрезентативец на социјалн…