Дома Фото Авионот на Роналдо слета во Торино, но без Португалецот

Авионот на Роналдо слета во Торино, но без Португалецот

Јувентус вчера од сите играчи кои отпатуваа во странство побара да се вратат во Торино.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кристијано Роналдо е играчот кој најмногу се исчекува, но се чини дека Португалецот го одложил своето враќање на Апенините за неколку дена.

Имено, доцна синоќа приватниот авион на Роналдо слета во Торино, меѓутоа без својот газда. Првата ѕвезда на Старата дама остана во родната Мадеира.

Авионот преку Мадеира слета во Фуншал каде се задржа еден час, ги земал личните работи на Роналдо и тројца приватни тренери и се вратил назад во Италија.

Роналдо заедно со семејството остана во своето луксузно одмаралиште. Кога ќе се врати во Торино се уште не е познато. По враќањето го чека 14-дневен карантин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фото

Проверете

Реал Мадрид го претстави Дамфрис, еве колку го плати

Реал Мадрид го потврди пристигнувањето на холандскиот дефанзивец Дензел Думфрис од Интер М…