Oна што требаше да биде проект на некој нов Челзи би можело да заврши неславно.
Роман Абрамович го отпушти Антонио Конте и на негово место го доведе Маурицио Сари кој одлично ја започна сезоната.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак во последно време Челзи запиша неколку лоши резултати, а во последното коло од Премиер лигата доживра катастрофа против Бурнемот од 4:0.
Сега англиските медиуми тврдат дека во клубот веќе се подготвуваат за наследник на Сари. –
Првите желби на сопствникот Абрамович наводно се легендата на овој клуб Френк Лампард кој го води Дерби Каунти во Чемпионшип и Зинедин Зидан кој се уште е без ангажман после заминувањето од Реал Мадрид.
На Лампард одлично му оди во Дерби и се бори за влез во Премиер лигата, а клубот веројатно не би правел проблеми ако Френк сака да седне на клупата Челзи.
Од друга страна, Зидан е слободен агент, но се верува дека тој повеќе сака сезоната да ја започне од почетокот.