Дома Топ вести Абидал: Нејмар е во нашиот список, но не е приоритет!

Абидал: Нејмар е во нашиот список, но не е приоритет!

Спортскиот директор на Барселона Ерик Абидал, во интервју за „Мундо Депортиво“ изјави дека клубот ќе продолжи да ја следи ситуацијата околу Нејмар во Пари Сент Жермен.

Барселона летово имаше неуспешен обид да го врати Бразилецит на „Камп Ноу“, Абидал тврди дека Нејмар се уште е во плановите на клубот, но не е приоритет.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Играч од тоа ниво секогаш ќе биде во нашата свера на интерес. Но има финансиски аспекти кои не можат да бидат решени. Ќе видиме што ќе се случи. Сепак, мислам дека Нејмар нема да биде приоритет за Барса следното лето, Се разбира дека е на нашиот список“, изјави Абидал.

Абидал зборуваше и за талентираниот Ансу Фати и откри дека клубот работи на нов договор.

„Работиме за неговиот нов договор. Преговараме со него, неговото семсјство и неговиот агент. Тој е млад играч на кого му е потребна заштита. Ансу треба да продолжи да работи и да тренира што е можно повеќе“, изјави Абидал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…