Дома Фудбал Италија Се враќа фудбалската НБА – Серија А повторно во полн сјај

Се враќа фудбалската НБА – Серија А повторно во полн сјај

Ниту еден фудбалски романтик не може да ја заборави Серија А од деведесеттите. Во тоа време беше цитирана како најсилна и најмоќна лига на светот, фудбалската „НБА“ и лига во која барем пет клубови имаа право да се надеваат на титула. На пример, ако ги погледнеме и „помалите“ клубови, во тоа време Абеди Пеле играше за Торино, за Сампдорија Манчини, Михајловиќ, Гулит и Плат, во Парма Бролин, Зола и Тино Асприља, а во Фиорентина пристигна најславното дуо на сите времиња Руи Коста-Батистута. Милан и Јувентус беа во дури шест финалиња на ЛШ по ред. Сампдориа, Парма, Лацио, Интер и Јувентус освоија 9 титули во двете преостанати европски клубови. Во купот на УЕФА само во две сезони не беше италијански претставник во финалето, а три финалиња беа италијански.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Следната деценија го обележи зголемувањето, а потоа дојде болното слетување. Скандалот Калчополи и десет други скандали, недостаток на спортска визија на големите клубови (Рома, Интер), драстичен пад на маркентинг вредностите, по што следуваше заминување на најдобрите играчи во Шпанија, Англија или Баерн и лошата инфраструктура која ја попречи подобрата посета и полигоните за креирање на нови играчи дојдоа до главата. Долго време се чинеше дека е на самиор раб испаѓањето од елитата „Петките“, само мал чекор над француската лига. Сепак, постојат многу показатели дека некогаш најпопуларната светска лига е во постојан пораст. И дека во неа може неверојатно да се ужива, но под многу различни парадигми од оние од пред 20 години.

Нови стадиони и фудбалски центри

Веќе кон крајот на деведесеттите години, Зденек Земан, еден од најхаризматичните тренери на сите времиња, како некој кој има поминато голем дел од кариерата во мали италијански средини го коментираше како „Италијанците можат да гледаат одличен фудбал, но немаат каде да го видат“, алудирајќи на занемареност на стареењето на стадионите. Во тие времиња, кога на сила на околностите постоеа пет, шест или седум гломазни клубови кои донесоа најголеми светски ѕвезди, најмалите беа фатени во таквата игра и парите ги вложуваа во добри, послаби играчи од богатите клубови и во сојата академија. Националната програма за развој на спортот главно остана потисната од политичките судири во земјата и недостатокот на континуитет кој тој концепт го спроведе во дело, додека економската криза удри на целата земја, обидувајќи се со себе во пропаст на многу фирми кои беа вистински или ефективни сопственици на клубовите.

Во последните шест години, дури 7 прволигашки клубови изградија нов стадион, во суштина го обновија сегашниот, или потпишале договор и започна изградбата на нов – Јувентус, Сасуоло, Рома, Сампдорија, Фиорентина, Каљари и Удинесе (заедно со Палермо и Милан, чиј инвеститори го најавија истото). Само Сасуоло и Јувентус имаа стадиони кои самите сопственици, што го предизвикува трендот дека во Италија, е побавно од сите останатите елитни лиги, расте приходот од продадените карти за натпревар (околку 11%). Во сезоната 2013/14. приходот на Милан и Интер беше 11, односно 12 милиони фунти – што е резултат на тоа какви сезони направија на пример Бастија или Гранада. Тренд во кој се градат стадиони соодветни за нивните потреби, стадиони кои се во сопственост на клубовите, кои се значително подобри од претходните и на кои гледачите имаат и не-фудбалска причина за да дојдат, охрабрувачки е. Со акцент за тоа како и понатаму се работи за поединечни иницијативи, наместо на пошироката рамка во која може да се очекува и неизбежен бум на целата лига. За такво нешто не постои доволна организација, ниту визија во највисоката структура на државата и опшеството. Сепак, за стадионите да бидал полни, гледачите мораат да имаат нешто за да дојдат да гледаат. А тоа е случајот, и тоа се почесто.

Базен вундеркинд

За разлика од преценетиот персонал и старите легионери, италијанските влезни странски трансфери конечно имаат смисла и генерално следува купување на млади играчи кои тие ги развиваат. Некои од тие играчи, како Паоло Диабала, Алексис Санчез, Пол Погба, Андре Силва или Габриел Барбос се легитимни кандидати за Златната топка во блиска или далечна иднина. Сепак, потреба за ефтин персонал ги поттикна италијанските клубови да се свртат кон базенот, а резултатите за таквите барања се само одлични. Џанлуиџи Донарума денеска заедно со Давид Де Геа е најбараниот голман во светот. Одличната сезона на Аталанта и четвртото место на крајот на сезоната не би биле можни без Андреа Конти, Роберто Галјaрдини  или неверојатно зрелиот, 23-годишниот стопер Мати Калдара. Андреа Белоти остана во просечниот Торино и по историската сезона на Џеко, три гола помалку за титулата најдобар стрелец на лигата. Моис Кин настапуваше против Севиља за Јувентус и така стана првиот играч кој заиграл во ЛШ, а да е роден во овој милениум. Мануел Локатели, Алесио Ромањоли и Федерико Бенандески веројатно се најголемите надежи на италијанската репрезентација. Некои, како Алберто Граси или Кеита Балде, малку познати во јавноста, но со огромен потенцијал. Тешко да се најде првата лига, со исклучок на германската, во која може да се најде таква концентрација на возбудливи таленти и еден текст или премин не би бил доволен да се набројат сите кои го заслужуваат тоа.

Тактичка револуција

Италија веќе одамна престана да биде бастион на досаден, офанзивно анемичен и дефанзивец фудбал. Од врвот на табелата и Јувентус, па се до самото дно, постојат низа на клубови кои покажаа модерен, тактички богат фудбал, што на целата лига и донесе динамика и стана исклучително атрактивна. Фудбалот кој Гасперини го покажа со Аталанта, Џанпаоло со Емполи и Сампдорија и Ди Франческо со Сасуоло е доказ дека не мора да имате големи таленти во тимот за да играте атрактивен и ефикасен фудбал.
Ќе биде потценувачки да се каже дека италијанскиот фудбал ги следи модерните трендови – тој ги развива, па дури и ги поставува. Општото мислење е дека Наполи оваа година под водство на Сари играше естетски најубав и најчист фудбал во цела Европа. Италија традиционално има големо тренери, а новата генерација предводена од Конте, Алегри, Монтела и Сари е само доказ дека на Чизмата се игра богат, модерен и ефикасен фудбал.

Нова перспектива

Што и недостасува на лигата да биде како некогаш? Ништо, и се. Серија А денес не може да привлекува имиња како Луис Саурез, Герет Бејл или Еден Азар, барем не додека се наоѓаат во својот играчки зенит. Но дека безумното трошење на пари не е гаранција за успех е најдобар доказ англискиот фудбал. Ужасно регресивни и пасивни екипи, лош фудбал и лоши резултати на европска сцена ја одбележаа финансиски најмоќната ера во историјата на таа лига. Серија А треба да се гледа со сосема други очи.
Милан во овој момент не е седумкратен европски шампион, туку клуб кој после неколку години катастрофално работење покажува знаци на оздравување. Фиорентина или Лацио повеќе не се тимови кои со пари ќе конкурираат на самиот врв, но со паметно бирање на тренери и добра трансфер политика. Целата оваа рекнструкција беше нужна во кризните години на Серија А која сега покажува значи на излекување. Серија А повеќе не е лига која е богата со суперѕвезди и го нема моделот кој го имаше во 90-тите. Меѓутоа, сега во Серија А можете да гледате убав, модерен фудбал и полно млади и интересни фудбалери кои полека но сигурно растат. Многу помалку гламурозна од некогаш, но повторно врвна!

Извор: Index.hr

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи го наградува Палмер со нов договор

Младиот Кол Палмер блеска оваа сезона во дресот на Челзи и се етаблираше во еден од најдоб…