Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар го претстави Јаневски: Немав време да работам со тимот, но не барам оправдување!

Вардар го претстави Јаневски: Немав време да работам со тимот, но не барам оправдување!

Македонскиот шампон Вардар денес официјално го претстави новиот шеф на стручниот штаб, Чедомир Јаневски кој ќе дебитира утре против Фенербахче.

„Благодарение до управата на Вардар, каде највеќе се афирмивав, се надевам дека со професионална работа ќе продолжиме таму каде што застанавме и ќе успееме да се афирмираме на европската сцена. Во Вардар ги знаеме сите услови, сите сме насочени да успееме со овој тим. Се е присутно во тимот и можеме да играме еден ден во Ле или Лш. Разликата со Шкендија е тесна и тоа ни дава надеж за повеќе работа и поголеми успеси. За крај ќе кажам дека професионално ќе работам, пред се атакувам на трофеј бидејќи со помалку од тоа Вардар не е задоволен“, изјави Јаневски.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На прашањето кои се неговите очекувања од тимот кој го има на располагање, Јаневски одговори.

„Јас дојдов вчера и го одржав првиот тренинг, немав време да работам со тимот и нема да барам оправдување, ги знам играчите, гледав неколку нивни натпревари, ги знаеме квалитетите, анализиравме и претходно. Што се однесува до Фенербахче ги респектираме, но ќе дадеме се од себе за Вардар да има можност да испише историја“, заклучи новиот тренер на „црвено-црните“.

Бобан Грнчаров му посака добредојде на новиот тренер и истакна дека тоа може да биде позитивен стрес за тимот.

„По првата несупешна шанса, играме против силна екипа, која има силни индивидуалци, мораме да играме офанзивно да дадеме гол, имаме добри дуели дома така што се надевам дека ќе одиграме одличен меч“.

„Промената на тренерот може да биде и доста добро, како позитивен стрес за играчите. Мислам дека со овој потег екипата ќе се дигне психички. Што се однесува до Фенербахче тие се силен тим без разлика дали игра Ван Перси или Солдадо“, заклучи Грнчаров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Лазаров објави список од 36 ракометари за натпреварите со Фарски Острови

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го објави поширокиот сп…