Некогаш најдобриот фудбалер во светот, Либериецот Жорж Веа денес изјави дека Арсен Венгер имал огромно влијание во неговиот успех.
Монако беше првиот европски клуб за кој заигра Веа, во Кнежеството помина четири сезони (1998-1992), пред да се појави на голема сцена во дресот на ПСЖ и Милан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Венгер на мене гледаше како на син. Сакаше да бидам секогаш со него на теренот. Еден ден бев уморен и чуствував главоболка, а тренерот ми кажа дека тоа го разбира, но и дека е важно напорно да работам, јас го послушав и го започнав тренингот. Освен на Бог, му се заблагодарувам и на Венгер, бидејќи доколку тој не беше, ништо не би постигнал“, изјави единствениот афрички фудбалер кој ја добил Златната топка.
Веа врвот на својата кариера го достигна во Милан каде што од 1995 до 2000 година освои две титули во Серија А, а потоа со помал успех настапуваше за Челзи, Манчестер Сити, Марсеј и Ал Џезеира.