Во автобиографијата на поранешниот кошаркар на Чикаго булс, Скоти Пипен , порача дека Мајкл Џордан ја уништил кошарката затоа што цел тим работел само за него.
Пипен и Џордан се еден од најдобрите тандеми во историјата, зашто на Чикаго му донесоа шест шампионски прстени. Сепак, во последните години нивниот однос не е најдобар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ќе кажам дека Џордан ја уништи кошарката. Во минатото сите ја додаваа топката за да му помогнат на тимот, а потоа запре тоа. Децата сакаа да бидат како Џордан, а Мајкл не сакаше да додава, да скока, ниту да брани. Затоа секогаш верував дека Леброн Џејмс е најдобар во историјата на кошарката“, вели Пипен.