Дома Фудбал Англија Џо Гомез опериран, следи долга пауза

Џо Гомез опериран, следи долга пауза

Проблемите со повреди во Ливерпул немаат крај. Последната информација која вчера пристигна од Островот е дека дефанзивецот Џо Гомез се здобил со „сериозна“ повреда на тренингот од репрезентацијата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Денес Ливерпул потврди дека 23-годишниот дефанзивец бил опериран на коленото и ќе пропушти значителен дел од сезоната.

Англиските медиуми пренесуваат дека Гомез може да се врати дури при крајот на сезоната.

Тоа ќе биде голем удар за Клоп, кој поради повреда го загуби Ван Дајк за цела сезона. Минатиот викенд се повреди и Александар-Арнолд за кого се предвидува дека ќе паузира еден месец.

Фабињо, кој го заменуваше Ван Дајк, исто така е повреден, но се очекува да се врати после репрезентативната пауза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шкендија повторно ќе игра пред навивачи – заврши суспензијата!

Шкендија ќе може повторно да има поддршка од своите навивачи на домашен натпревар, откако …