Луис Суарез дресот на Ливерпул го носеше во периодот од 2011 до 2014 година и играше феноменално во тие години, токму таму се прослави како еден од најдобрите напаѓачи во светот.
И покрај неговите одлични настапи во своите три години со Ливерпул немаше преголем успех на клупски план и освои само еден Лига Куп. Со големи пофалби за Суарез сега зборуваше Стивен Џерард кој денес ја води Астон Вила.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Играв со повеќе фантастични играчи како што се Чаби Алонсо, Маскерано, Торес...Но, Суарез беше поинаков. Тоа што го носеше во себе се чувствуваше. Се сеќавам после еден тренинг си одевме со Џејми Карагер кој ми зборуваше колку Луис е добар. Ми кажа дека не сака да игра против него секој ден на тренинзите. Беа тоа интезивни тренинзи и Суарез можеше да ве посрамоти пред соиграчите, а мислам дека и самиот тој не беше свесен за тоа. Доминираше…“, изајви Џерард.
Пред доаѓањето во Ливерпул Суарез играше за Национал Монтевидео потоа холандските Гронинген и Ајакас, а по Ливерпул настапуваше за Барселона, денес го носи дресот на Атлетико Мадрид. За репрезентацијата на Уругвај на 132 натпревари постигна 68 голови.