Дома Луд Спорт „Ќе ти го разбијам задникот“: Жестока расправија меѓу Гатузо и Коларов

„Ќе ти го разбијам задникот“: Жестока расправија меѓу Гатузо и Коларов

Натпреварот помеѓу Рома и Милан го одбележа расправијата помеѓу Џенаро Гатузо и Александар Коларов покрај аут линијата.

Расправијата почна на средината од првото полувреме кога Коларов се пожали поради жестокиот старт на Давиде Калабрија. Сето тоа се случи пред тренерот на Милан, кој почна да урла на Србинот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Коларов се подготвуваше да изведе аут, а темпераментниот Гатузо му се доближи и почна да му вика:

„Ќе ти го разбијам задникот, играј фудбал“, по што интервенираше и главниот судија.

Сепак Гатузо на крајот на првото полувреме му се извини на Коларов и го прегрна на патот кон соблекувалната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Заслужено: Големата победа на Македонија во соблекувалната се славеше и со пиво! 📸

Maкедонската ракометна репрезентација вчера оствари голем успех и повторно се пласираше на…