Францускиот стопер Рафаел Варан е следен кој е на мета на саудискиот прволигаш, Ал-Итихад, пишуваат француските медиуми.
Претставниците на тимот од Џеда наводно влегле во преговори за 30-годишниот Варан и ќе се обидат да го доведат трикратниот освојувач на Лигата на шампионите во своите редови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, според информациите првите контакти завршиле неуспешно, Варан навоедно има приоритет да остане во Европа.
Тимот од Џеда веќе оформи силен тим во кој се Карим Бензема, Нголо Канте, Фабињо и Жота.
Варан во Јунајтед дојде летото 2021 година за оштета од 70 милиони евра. Неговиот договор има важност до 2026 година.