Манчестер Јунајтед продолжува да биде активен на трансфер пазарот и после комплетирање на трансферите на Џејдон Санчо и Рафаел Варан.
Сега „црвените ѓаволи“ се во напредни преговори за трансфер на големиот француски талент, Едуардо Камавинга.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новинарот на „Скај Спорт“, Фабрицио Романо пренесува дека Рен е спремен да го пушти Камавинга за 30 милиони евра, бидејќи договорот на играчот истекува следното лето.
Младиот играч за врска е еден од приоритетите на тренерот Солскјер, сепак на „црвените ѓаволи“ воопшто нема да им биде лесно да ја победат конкуренцијата од Реал Мадрид и ПСЖ.