Дома Фудбал Англија Јунајтед му подготвуваше нов договор, но дали Де Геа сега бара премногу?

Јунајтед му подготвуваше нов договор, но дали Де Геа сега бара премногу?

Манчестер Јунајтед спреми нов договор, но Шпанецот си има свои барања.

За Јунајтед од исклучителна важност е да го задржи Де Геа во своите редови, иако голманот забележа неколку лоши настапи на Мундијалот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Де Геа е еден од најдобрите голмани во светот, многумина ќе кажат и најдобар, но тој бара од клубот неговата плата да се изедначи со онаа на Алексис Санчез и Пол Погба.

Шпанскиот голман сака да добива 350.000 фунти неделно!

Свесен за неговата важност во клубот смета дека тоа не е премногу иако е голман.

27 годишниот голман во Манчестер Јунајтед пристигна во 2011 година од Атлетико Мадрид и за англискиот клуб одигра 319 натпревари во сите натпреварување.

Де Геа на големо се поврзуваше со Реал Мадрид, но шпанскиот гигант ова лето го доведе Тибо Куртоа, па јасно е дека сега немаат потреба од засилување на голманската позиција.

Останува времето да покаже дали „ѓаволите“ ќе ги прифатат неговите барања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселонa во своите редови веќе има „нов Јамал“: На 27 натпревари постигнаа 100 гола – со само девет години!

Иако Ламин Јамал е уште млад и има само 18 години, Барселона можеби веќе има негов наследн…