Дома Фудбал Англија Јунајтед без Рашфорд, Погба и Марсијал против Арсенал

Јунајтед без Рашфорд, Погба и Марсијал против Арсенал

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солсјкер има големи проблеми пред дербито со Арсенал и најверојатно нема да може да смета на Рашфорд, Погба и Марсијал.

Норвежанецот сигурно нема да може да смета на Маркус Рашфорд, голема е веројатноста Антони Марсијал да не биде подготвен за игра,  а на мечот со Рочдејл повредата ја обновил и Погба, па Французинот е во трка со времето и не се знае дали ќе настапи во дербито во понеделник.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Погба е во трка со времето. Дали е неизвесен? Дефинитивно неговиот настап е неизвесен. Нема да ризикувам со Рашфорд и Марсијал. Ќе излеземе против Арсенал со она што го имаме на располагање, повредите се дел од фудбалот“, изјави Солскјер.

Единствена позитивна вест за Солскјер е враќањето на Лук Шоу, кој ќе биде спремен за дербито против Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Енфилд“ ќе гори – сè е подготвено за дебито на Исак

Слот најави дека во среда Швеѓанецот треба да добие премиерни минути во дресот на Ливерпул…