Aлваро Мората на крајот од сезоната ќе се врати во Атлетико Мадрид.
Иако на 35 натпревари постигна 16 голови и запиша 12 асистенции, Алваро Мората изгледа нема да остане во Торино.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Шпански „АС“ објави дека Јувентус нема намера да го откупи шпанскиот напаѓач на кого цената му изнесува 45 милиони евра.
Италијанците веќе потрошија 10 милиони евра за неговата позајмица, а за нова до 2022 година би требало да платат нови 10 милиони.
Во Јувентус сметаат дека Мората не е потребен и спремни се да го вратат во Атлетико на крајот на оваа сезона.